Сашо Тасевски: Светот многу брзо ќе стане лудница каква што никогаш претходно не бил!

Loading...

Малку одиме на ниво погоре. И така сте дома. Не се ова информации земени од глупи портали. Во британскиот центар за биолошка војна Портон Даун и оној американскиот Форт Дитрик со декади биле развивани вируси кои биле пуштани на слобода. Некои од веќе постоечките биле мутирани. Ја гледаш морфогенезата и структурата на вирусот под микроскоп и сфаќаш иста е со оригиналот, ама во некоја ситница и не е.

Овој мутираниот со појака заштита галиба. Од една развил две заштитни мембрани… Преку ноќ станал Тајсон. Да не можеш лесно да го нокаутираш. Вирусите се врв на природната еволуција. Продирајќи во клетката на туѓо тело, ја заменува нејзината содржина со своја и таа станува фабрика за нови вируси. Работи за новиот газда. Вирусот. Да не тупам….

Денес тие центри за биолошка војна во иднината се исто засилени со уште десетина други. Кој ги отворил се знае.

Ова денес со заразава е мал тест, губење невиност. Светот пред нас во 21 век ќе биде свет на пандемии и уште една светска војна. За тоа немам дилеми. Но тоа сум само јас, нели? ИдиЈот, ненормален, ширам паника… Изворите од кои се напајам па ги извлекувам тие заклучоци се достапни секому, но секој нема нерви да ги конзумира. Полесно е да отвориш интернет да кажеш чекај да видам идиотов што напишал па ако не ми се допаѓа, да го исплукам.

Како и да е, светот многу брзо ќе стане лудница каква што никогаш претходно не бил. А секогаш бил лудница. Само не заборавајте и со таа лудница ќе мора некој да управува. Дури кога ќе се повлече морето ќе се види кој останал без гаќи.

Ние спроведуваме истражување на нашата фан страна за тоа како Филипче се справува со оваа криза. Доколку сакате да се произнесете тоа можете да го сторите тука!

МЕРКИ (14.3.2020)

Прочитајте на оваа тема и следново:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...