Се прашувате ли како Горан, Александар, Дејан, Кире и Златко станаа Албанци и се вработија

Loading...

Кога не би било трагично, дефинитино би било комично. Но, за жал криминогените умови на претставниците на власта се почесто ги надминуваат границите на она што досега било познато за криминал, па така е и со последната одлука за вработување на десетмина пожарникари во Противпожарната Бригада на Скопје
На 15.10.2019 година, во БППЗ Скопје се вработени вкупно 10 пожарникари, од кои шестмина Албанци, еден Македонец, еден Србин и двајца од друга националност. Вкупно 10 извршители на работното место „Пожарникар – Спасител“.
Само што, Албанците не се навистина Албанци – освен еден. Така, Кире Трајковски е запишан како Албанец, Дејан Илиевски, Златко Серафимовски, Горан Трајковски додека Александар Мишковски и Стивен Коцев се вработени како припадници на другите нациналности во Р.Македонија.
Јасно е зошто лицата се вработени, односно запишани под различни националности – за да се изиграат законите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, според кој најмалку 21% до вработените во администрацијата и службите мора да бидат од малцинските етнички заедници.
Арно ама, пред избори властите на СДСМ си нашле начин тоа да го искористат во нивна корист.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...