(Фотогалерија) Започна конститутивната седницата – Кој ќе ги претставува граѓаните следните 4 години?

Конститутивната седницата започна која ја свика претседателот на Собранието Јован Митрески, а со неа претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику. Со овој парламентарен состав започнува примената на новиот Деловник за работа на Собранието.

На дневен ред на седницата се четири точки односно избор на Верификациска комисија, Верификација на мандатите на новите пратеници, избор на Комисија за прашања на изборите и именувањата, како и избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието.

Собранието ќе брои 120 пратеници, но на седницата се очекува да присуствуваат 118 бидејќи нивните мандати се веќе потврдени од Државната изборна комисија и им се издадени уверенија. За два мандата за кои се прегласуваше минатата среда се уште течат жалбените постапки.

Пронајдете не на следниве мрежи: