Црвена младина: Директорот е глув за безбедноста на студентите во „Стив Наумов“!

По веста и фотографијата со змија приклештена на вратата од мензата на студентскиот дом „Стив Наумов” во Автокоманда, како и изјавата на директорот на домот, Виктор Велевски дека треба да се одржува теренот околу домот затоа што не само студентите туку во опасност се и жителите од тој дел на Скопје, активисти на Црвена Младина беа на терен да ја проверат состојбата. 

И покрај фалбите на директорот денешната состојба на терен покажува нешто друго. Тревата утрово делумно е искосена, но само пред мензата и пред управителската барака. Поголемиот дел од тревиштата во студентскиот дом се оставени на студентите сами да се борат со ѕверките во Стивските степи. 

Имено, овој проблем е повеќегодишен и претходно се имаа појавено змии во бараките каде што студентите престојуваат. Но и покрај тоа што ваквата состојба е позната на раководството во делот каде што живеат студентите тревата сѐ уште не е искосена и постои голем ризик змиите и таму да се појават.

Црвена младина го прашува раководството на студентскиот дом дали ќе чека да се појават змии и кај бараките за да биде расчистен теренот од непроодни треви?

Пронајдете не на следниве мрежи: