Што се случува ако легнете да спиете веднаш откако ќе јадете?

Loading...

Луѓето се чувствуваат поспано веднаш по јадењето и не сакаат да прават ништо друго освен да дремнат. Но, ова е токму тоа што не треба да го правите. Спиењето или лежењето веднаш откако сте јаделе може да има навистина непријатни последици. Можеби дури и ќе препознаете некои од симптомите, но сигурно не сте знаеле дека тие се последица на дремката веднаш по оброкот.
1. Ќе имате киселини во желудникот
Што се случува ако легнете да спиете веднаш откако ќе јадете?
Киселината се произведува при варење на храната, а гравитацијата е од голема помош, бидејќи го принудува протокот на течност надолу. Кога лежите, киселината се движи низ стомакот и може да дојде во контакт со чувствителните делови на дигестивниот систем. Ова може да доведе да имате киселини, болно чувство на печење во градите или во грлото.
2. Влијае врз квалитетот на спиењето


Што се случува ако легнете да спиете веднаш откако ќе јадете?
Ако сте јаделе голем оброк непосредно пред да дремете, процесот на варење на храната продолжува додека спиете. Причината за лош сон може да биде различна за секого. Можеби вашиот мозок е поактивен за време на фазата на варење на храната предизвикувајќи да не спиете многу длабоко. Исто така, зависи од тоа колку и каков вид храна сте јаделе.
3. Живописните соништа или кошмари стануваат почести


Што се случува ако легнете да спиете веднаш откако ќе јадете?
Како што е споменато претходно, вашиот метаболизам придонесува вашиот мозок да стане поактивен. Кога ќе влезете во РЕМ-фазата, тогаш сонувате најмногу. Ако забележите дека сонувате навистина живописни, па дури и морничави соништа, тогаш обидете се да не јадете веднаш пред да си легнете.
4. Ќе се будите многу почесто бидејќи чувствувате потреба да одите во тоалет


Што се случува ако легнете да спиете веднаш откако ќе јадете?
Некои луѓе чувствуваат зголемена потреба за уринирање навечер, позната како ноктурија. Ова може да биде поврзано со количината кофеин во храната што ја јадете. Тоа значи дека вашата храна може да биде диуретик или со други зборови, ве тера да уринирате повеќе. Кофеинот најмногу го има во кафето. Но, она што не го знаат многу луѓе е дека го има и во чајот, во сите печени десерти што содржат чоколадо и во некои лекови.
5. Можеби ќе се здебелите


Што се случува ако легнете да спиете веднаш откако ќе јадете?
Ако легнете веднаш по јадењето, не му давате на телото доволно време да ги потроши калориите од вашиот оброк. Иако може да се чувствувате многу поспани по некој голем оброк и сè што сакате да направите е да дремнете, подобро е да се обидете да останете будни ако не сакате да имате неколку килограми повеќе.
Колку време треба да помине пред да легнете да спиете по оброкот?


Што се случува ако легнете да спиете веднаш откако ќе јадете?
За да не се појават проблеми како киселини или непроспиени ноќи, треба да почекате целата содржина од желудникот да стигне до тенкото црево пред да дремнете или да легнете да спиете. Нутриционистите велат дека за тоа се потребни околу 3 часа.
.

loading...