Што се случува во телото ако секој ден јадете салата?

Салатата важи за суперхрана и синоним за слабеење и здрава исхрана. Без разлика дали сакате да го зголемите внесувањето на овошје и зеленчук, да ослабете или едноставно да се освежите, салатата е совршен избор за тоа.

Ако јадете секој ден салата го храните организмот со витамини и минерали потребни на телото. Според студија објавена во The Journal of Nutrition, исхраната богата со влакна им помага на луѓето со вишок килограми да ослабат, пишува Eat This, Not That.
Секојдневното јадење салата е одличен начин вашиот мозок да остане во врвна форма. Студија од 2018 година покажа дека една салата дневно го подобрила паметењето кај постарите луѓе за дури 11 години. Само половина чинија салата било доволно да го забави падот на когнитивните способности.

Експертите предупредуваат да бидете внимателни со оцетот, бидејќи влијае на различни симптоми во желудникот.
Ако имате надуеност или гасови по јадење салата, едноставно намалете ја количина на порцијата и ќе го решите проблемот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.