Албанија: НАТО да не го оттргнува вниманието од Западен Балкан!

НАТО да не го оттргнува вниманието од Западен Балкан, предупреди на Самитот во Прага, министерот за Европа и надворешни работи на Албанија Игли Хасани.

На неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, во Прага тој ја потврдил цврстата посветеност на Албанија кон НАТО.

-Самитот на НАТО во Вашингтон треба на Западен Балкан да му го даде вниманието што го заслужува, особено во услови на надворешни безбедносни предизвици. На денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Прага, ја потврдивме нашата непоколеблива поддршка за слободна и суверена Украина и со нашата посветеност да ја зајакнеме нашата колективна превенција и одбрана, рекол Хасани, јави АТА.

Хасани уверил дека Албанија останува решена да ја игра својата улога како цврст сојузник на евроатлантските вредности, пренесе МИА.

-Сојузниците се осврнаа на напредокот на одлуките донесени на Самитот во Вилнус, кои имаат за цел НАТО да продолжи да го одржува мирот, да спречува конфликти и да го заштити населението и вредностите на сојузничката територија, приоритетите на Самитот во Вашингтон и особено продолжувањето помош за Украина, додава агенцијата.

Според истиот извор министрите на неформалната седница ја потврдиле својата непоколеблива поддршка за Украина и разговарале за тоа како можат да ја зајакнат понатамошната поддршка за Украина на подолг рок.

Пронајдете не на следниве мрежи: