Андријана Петрушовска синоќа приреди невиден спектакл

Убавото македонско девојче Андријана Петрушовска синоќа одржа концерт во своето Драчево заедно со колегите Мики Секуловски и Александар Јосифовски, како специјални гости.
Атрактивната Андријана нам ни е добро позната по учеството во музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд” каде успеа да влезе во самото финале. Убавата пејачка посебно вниманието го привлече со единствениот и смел изглед, кога се во прашање модните креации, секогаш умее да го достигне врвот и едноставно да блеска. За успехот кој Петрушовска го постигна говорат и бројните настапи низ домашните локали каде е постојано ангажирана.

Синоќешниот концерт во Драчево беше нејзина голема желба да им се оддолжи на своите сограѓани за поддршката која неизмерно и ја пружаа во текот на натпреварувањето. Во една од своите објави на социјалните мрежи напиша “Дојде редот и на вас да ви се оддолжам”. И, навистина успеа, нејзината многубројна поддршка беше со неа, на концертот имаше луѓе од 7 до 77 години, тоа е всушност доказ колку луѓето ја сакаат и го почитуваат она што таа го прави. Со прекрасна организација Андријана синоќа им приреди невиден спектакл на своите драчевчани.

Пронајдете не на следниве мрежи: