(Видео) Бајден му го честиташе роденденот на Трамп: Годините се бројка, изборите се избор

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден (81) на необичен начин му го честиташе 78-от роденден на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Честитки од еден до друг старец“, напиша Бајден во објавата што ја сподели на платформата „Икс“.

Во оваа специјална „честитка“, Џо Бајден вклучи видео во кое се споредува со Трамп, истакнувајќи ги негативните примери од периодот на мандатот на Трамп.

Годините се само бројка. Од друга страна, изборите се – избор“, рече Бајден.

Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп денеска наполни 78 години, што американските гласачи ќе ги потсети дека кандидатите на двете главни партии кои годинава ќе се обидат да победат на ноемвриските претседателски избори се најстарите кандидати за оваа должност во историјата на Соединетите држави.

Возраста и менталната кондиција се во центарот на кампањите меѓу републиканецот Трамп и неговиот демократски ривал, актуелниот претседател Џо Бајден, често добивајќи поголемо внимание отколку суштинските политички прашања во пресрет на изборите на 5-ти ноември.

Пронајдете не на следниве мрежи: