(Видео) Делови од Славонија изгледаат како воена зона по невремето во Хрватска

Силно невреме во понеделник опустоши делови од Хрватска, а најголема штета е забележана во Славонија.

Особено настрада општина Бошњаци, каде обилниот град искрши стакла и направи голема материјална штета.

Премиерот Андреј Пленковиќ ја коментираше состојбата во погодените подрачја, кој изјави дека локалните власти ќе направат проценка на штетите, по што Владата ќе помогне.

„Жал ми е за луѓето, од 1000 куќи во Бошњаци, оштетени се над 900 покриви“, додаде премиерот, посочувајќи го обемот на штетата.

Пронајдете не на следниве мрежи: