(Видео) Драма во авион: Над 30 патници се повредени поради силните турбуленции

Патничкиот авион „Боинг 787-9 Дримлајнер“ на Ер Европа принудно слета во Бразил поради силни турбуленции во кои се повредени 30 лица.

Авионот летал од Мадрид кон Монтевидео кога се случил инцидентот, соопшти авиокомпанијата, јавува Би-би-си.

Летот UX045 бил пренасочен кон аеродромот Натал во североисточен Бразил на пат кон главниот град на Уругвај, објави шпанската компанија на X.

Оттаму додаваат дека повредените патници „примаат помош“.

Авионот, во кој имало 325 патници, наиде на турбуленции над Атлантикот додека се приближуваше до бразилскиот брег, изјави портпаролот на Ер Европа.

Авионот слетал нормално и го пречекале голем број амбулантни возила.

Аеродромските власти соопштија дека на некои патници им била потребна медицинска помош и биле пренесени во најблиската болница.

Локален медицински тим за бразилските медиуми изјавил дека лекувале најмалку 30 патници од различни националности и дека 10 од нив биле пренесени во болница.

Пациентите се здобиле со повреди на главата за време на турбуленциите, вклучувајќи фрактури на черепот и исекотини на лицето, додаде тимот.

Инцидентот се случува неколку недели откако лет на Сингапур ерлајнс беше погоден од силни турбуленции над Мјанмар, при што беа повредени неколку луѓе, а еден Британец загина.

Тешките турбуленции се ретки, но неодамнешните студии покажаа дека климатските промени може да го зголемат ризикот.

Пронајдете не на следниве мрежи: