(Видео) За прв пат во историјата од македонското Собрание се слушна паролата „Македонија на Македонците“ !

Говорот на пратеникот и потпретседател на Левица, м-р Реџеп Исмаил – ХАКТАН, на конститутивната собраниска седница:

,,Вие, националното предавство што го правите сега, го оправдувате со тоа дека ДУИ бил криминален и, конечно, го немало во Влада. Не се работи за тоа дека ДУИ не треба да биде во Влада. Во македонското општество не треба да има необалистички елементи – тоа е поентата на политичката волја на народот којшто ви ја дал!

Вие, со ваква политичка моќ, ако не можете да го пресечете овој јазол којшто македонската Република ја бута во неповрат, како вие ќе продолжите утре? Што мислите – зошто колегите од СДСМ тука седат и ќутат и, најверојатно, ќе гласаат “за” овој предлог? Затоа што вие го продолжувате истото она што тие го правеа!

Вие продолжувате да правите коалиција со бализмот! На овој начин ја одземате можноста албанскиот народ, навистина, да избере претставници којшто се претставници на АСНОМските идеали на оваа држава и овој народ, а тоа се идеалите на: Аголи, Ибраими и ред други партизани и високи функционери во Народна Република Македонија. Затоа, Левица од 6 пратеника има двајца коишто не припаѓаат на македонската етничка заедница, но тука се за да ги бранат АСНОМските идеали повеќе од вас! Тоа е нашата разлика во однос на вашиот национализам и евтин популизам.

Унитарна Македонија е АСНОМски идеал. Затоа, Македонија на Македонците, а земјата на земјоделците!”

Пронајдете не на следниве мрежи: