(Видео) Српска водителка на временска прогноза поради оваа реченица добила отказ, директорот порачал: „Ова е резултат на невнимание“

Српската водителка Зорана Николетиќ добила отказ поради реченицата која ја изговорила на 17 јуни во Дневникот на „Радио-телевизија Војводина“.

Имено, таа почнала со временската прогноза за следниот ден, па во еден момент застанала и рекла: „О, Боже“.

Видеото можете да го погледнете овде.

Синдикатот на вработените во Радио-телевизија Војводина побарале од раководството на јавниот медиумски сервис да ѝ ја преименува казната на раскинување на договорот за привремено и повремено работно место.

Горан Караџиќ, генералниот директор на РТВ Војводина за „Danas.rs“ изјавил дека оваа грешка и те како е доволна за отказ.

„„Апсолутно. Тоа не е грешка, тоа е невнимание“, зборувал тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: