ВМРО-НАРОДНА во жестока одбрана на министерката на Мицкоски:Се што е бугарско во Македонија се „шиканира“-мистерката треба да си го зачува бугарското државјанство и пасош

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата околу бугарскиот пасош на министерката за енергетика Сања Божиновска и како што можеме да забележиме под притисок на нејзините сопартијци и колеги во партијата таа има поднесено барање за откажување од бугарското државјанство.

„ВМРО-Народна партија смета дека владеачката структура многу повеќе ќе и помогне на Република Северна Македонија доколку министерката го зачува државјанството и пасош, со тоа ќе ја побие тезата на сите оние кои критикуваат дека во Македонија не може да функционираат Бугари на високи државни функции, а напротив вака само ќе ја повтрдиме тезата дека се што е бугарско во Македонија се „шиканира“.
Посебно интересно во оваа приказна е што никој не реагира на српското државјанство и пасош на вицепремиерот Иван Стоилковиќ со што само се зацврстува фактот дека во нашата Македонија масовно се применуваат двојни стандарди и дека водиме двојна политика кон етничките заедници во нашата држава“ се вели во партиското соопштение.

Пронајдете не на следниве мрежи: