Вреди ќе има заменик директор во Агенцијата за национална безбедност. Од коалицијата денеска на прес конфернеција потврдија дека се планира спојување на Агенциите за безбедност и разузнавање во една агенција а тие и таму ќе останат на заменичката позиција.
Претседателката Силјановска вчера информираше дека го разрешила директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и на негово место ја назначи Габриела Јаковлева. Разрешена е и заменичката Александра Додовска а на нејзино место Силјановска ја назначи Ивана Стојановска.
Муслиу реагираше дека бил разрешен поради партиски притисоци а ДУИ очекувано забележа дека се намалувал бројот на етнички Албанци во безбедносните служби.