Вучиќ: Што се однесува до европската политика, очекувам поповолна ситуација за Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска истакна дека очекува, што се однесува до европската политика, поповолна ситуација за Србија во Европскиот парламент, но додаде дека не е сигурен дека таа ќе биде поповолна во Европската комисија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ додаде дека доколку поранешната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен остане на чело на Комисијата, тоа би било вест за Србија што би значело стабилност и безбедност, бидејќи тие добро се познаваат.

-Тие разговори не мора да бидат лесни, но ова е жена која во неколку наврати дошла во Србија, во Белград, покажувајќи почит кон нашата земја и знам дека можеме добро да работиме, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за претстојните избори во Франција кога додаде дека нема право да се меша во внатрешните односи на другите земји.

-Јас лично имам исклучително добри односи со Макрон и на францускиот народ е да донесе одлука, рече тој и нагласи дека се што се случува во Франција има голем ефект врз европската политика.

Вучиќ истакна дека е многу благодарен на Франција за она што го направи во однос на Советот на Европа и што укажа дека Приштина не ги исполнила своите обврски од сите договори, од основниот договор преку Бриселскиот договор, до Охридскиот договор, поврзани со Заедницата на српски општини.

Пронајдете не на следниве мрежи: