Градоначалникот на Струмица заврши на инфузија, вдишал чад додека помагал во гасење на пожарите

Струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, вчера завршил на инфузија откако во текот на денот вдишал чад додека помагал во гасењето на пожарот кој избувна во Струмичко. Веста ја објави Противпожарната бригада Струмица.

„Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо со нас пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас. Во еден момент кога пожарот ескалираше, вдишувајќи многу чад, мораше да прими инфузија“,информираа од струмичката бригада.

Пронајдете не на следниве мрежи: