ДАЛИ СЕ ОПАСНИ ЦИСТИТЕ НА ЈАЈНИЦИТЕ?

ДАЛИ СЕ ОПАСНИ ЦИСТИТЕ НА ЈАЈНИЦИТЕ?

Во текот на животот жените често се среќаваат со цисти на јајниците кои се јавуваат поради хормонален дисбаланс. Прочитајте повеќе за оваа проблематика, како тие се манифестираат, дали е потребна хируршка интервенција, и која е разликата помеѓу цистите и полицистичните јајници.

ЦИСТИТЕ НАЈЧЕСТО СЕ ЈАВУВААТ ВО ТЕКОТ НА РЕПРОДУКТИВНИОТ ПЕРИОД ОД ЖИВОТОТ
Кога зборуваме на израстоци на јајниците, односно тумори на јајниците, најчесто се мисли на бенигни структури кои се јавуваат во внатрешноста на ткивото на јајникот.

Туморите на јајниците сочинуваат разновиден збир на тумори, кои се разликуваат по начинот на создавање и однесувањето, и се делат во три категории – доброќудни или бенигни, малигни, и потенцијално малигни тумори.

Жените во текот на својот живот, најчесто во репродуктивниот период, се среќаваат со функционални – хормонски цисти, кои се последица на мали хормонални промени и дисбаланс.

Постојат фоликуларни и лутеински цисти, кои во својот дијаметар можат да достигнат и големина до 10 см. Поголемиот дел од нив спонтано поминуваат во период од 60 до 90 дена.

Цистите често знаат да се јават во периодот на хормонски транзиции, во текот на адолесценцијата – кога женското тело созрева, или пак во текот на перименопаузата кога полека следи стареењето и нивото на хормоните се менува.

ИЗОСТАНУВАЊЕ НА МЕСЕЧНИОТ ЦИКЛУС
Стресните периоди во текот на животот на една жена исто така можат да доведат до хормонален дисбаланс, а како последица на тоа, можат да се јават функционални цисти на јајниците.

Фолукуларните цисти се јавуваат како последица на изостанување на месечниот циклус, додека лутеинските цисти се јавуваат како последица на изостанување на инволуцијата на жолтото тело, кое се формира при овулација.

Цистите на јајниците најчесто се манифестираат со изостанување на менструалното крварење или нередовно крварење, или надуеност, проследена со болка и чувства на нелагодност.

Доколку се работи за еднострани цистични структури помали од 10 см, тие можат да се надгледуваат и до два масеци со гинеколошки преглед и ултразвук.

ЦИСТИ И ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ
Синдромот на полицистични јајници претставува збир на низа промени кои се јавуваат во женското тело, предизвикани поради хормонални или бројни метаболички промени, кои се манифестираат со изостанок на менструалното крварење, нередовен менструален циклус, козметички промени на телото како акни, себореја, и зголемување на телесната тежина.

Овој синдром го добил своето име поради изгледот на јајниците, кои изгледаат „вреќесто“ како последица на постојаните хормонални стимулации од хипофизата. На ултразвук, овие јајници се прикажуваат како издолжени овоидни форми, во чија внатрешност се наоѓаат бројни фоликули – јајце клетки со големина до 10 мм во дијаметар.

Самото име често ги збунува жените, бидејќи полицистично не се однесува на цисти на јајниците, туку на бројните јајце клетки кои се наоѓаат во внатрешноста на ткивото на јајниците.

НАЧИНИ НА ЛЕКУВАЊЕ
Доколку цистите не се намалат и нема промени во нивниот изглед, се препорачува хируршко отстранување. Cе разбира доколку гинекологот процени дека се работи за едноставна цистична структура, во некои случаи можно е и лечење со хормонска терапија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.