Дали сме створени за моногамија?

Разводите одамна не се табу тема, а многумина влегуваат во врски без обврски како да се кафана а не меѓучовечки односи. Начинот на кој се однесуваат кон своите одлуки нѐ тера да се запрашаме дали луѓето се предодредени да бидат моногамни. Биологијата на еволуцијата нуди подвоени одговори. 

Ако целта ви е само да се размножите тогаш колку повеќе партнери толку подобро, но сето тоа мора да се избалансира со вашата способност да го одгледате подмладокот што само по себе влече потреба за двајца родители.

„За мажите е подобро да имаат повеќе партнери за да ги размножат гените додека жените имаат потреба од еден партнер со кој заедно ќе се грижат за децата“ вели докторката Рошини Раџ. Но дали некои луѓе се биолошки предодредени да имаат само еден партнер?

Нивото на хормонот вазопрепин кој го диктира степенот на доверба и емпатија се поврзува со зголемениот степен на верност и лојалност, но оваа карактеристика е повеќе истакната кај жените. Иако се очекува од мажите да изневеруваат и некои жени знаат да го расипат просекот на нивната популација.
Окситоцинот го овозможува создавањето на блискост помеѓу двајца партнери и на тој начин делува врз посветеноста кон само еден партнер. Кога еден маж ќе го намириса овој хормон кај жената тој ќе се стреми да и се посветува само на неа, но не се радувајте прерано – вакво нешто не се купува во аптека.
Но, постои ли начин да проверите дали партнерот ќе ви биде верен? Едно истражување вели дека оној партнер кој има подолг домал прст бил изложен на повеќе тестостерон во утробата што понатака во животот го развива во индивидуа која сака секс без обврски. Трк по метрото!
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.