Дали спиеме подобро кога го делиме креветот со партнерот?

Добриот сон е клучот за здравје и долговечност. Но, покрај тоа што здравиот начин на живот, избегнувањето на стресот и следењето режим може да го подобри сонот, излегува дека спиењето со партнерот позитивно влијае на фазата РЕМ (Брзо движење на очите) на спиењето. Според студиите, споделувањето кревет со саканата личност која не ‘рчи или немирно спие го намалува емоционалниот стрес и ја подобрува нашата комуникација со луѓето. До овој заклучок дојде професорот Ненинг Друс од Центарот за интегративна психијатрија во градот Кил, Германија.

Дали спиеме подобро кога го делиме креветот со партнерот?

Спровел истражување на 12 хетеросексуални парови. Тие поминале четири ноќи во специјална лабораторија за спиење. Професорот го следел сонот на учесниците кога спиеле заедно и одделно користејќи технологија која го детектира движењето на мозочните бранови, мускулните осцилации и срцевата активност. Двојките пополниле и прашалник за нивните односи.

Според Друс и неговиот тим, паровите кои го делеле креветот имале побрзи движења на очите за време на РЕМ отколку оние кои спиеле сами. Докажано е дека оваа фаза е најважна во сонот, бидејќи токму тогаш се одвиваат процеси како организирање на меморијата, емоциите и решавање на проблемите на потсвесно ниво.

Дополнително, колку е посилна врската што ја покажале паровите, толку е подобра синхронијата меѓу нив и за време на спиењето. Но, тоа не значи дека треба да имате некој покрај себе за да спиете добро. Професорот Друс истакнува дека за многу луѓе, без разлика дали имаат партнер во животот или не, спиењето „соло“ функционира многу подобро отколку кога го делат креветот со партнерот.

Зошто некои парови кои спијат заедно уживаат во подобар сон, додека други добро спијат сами во посебни кревети?

Резултатот од студијата покажа дека спиењето со партнерот добро влијае на РЕМ-фазата на спиењето, што пак го намалува емоционалниот стрес и ја зајакнува комуникацијата. Но РЕМ е само една од страните на добриот сон, бидејќи т.н „бавни бранови“ на спиење, подготвувајќи го нашето тело за длабоката фаза на одмор на целиот организам.

Често РЕМ фазата е прекината од нарушувања предизвикани од стресни состојби. Затоа, личноста која има навика да спие со партнерот може да биде под стрес кога партнерот не е до него во кревет. Уште во 2009 година, една студија покажа дека фрагментираниот сон или оној со намалено времетраење е проблем што ги погодува главно жените чии партнери ‘рчат. Парадоксот произлегува од фактот дека квалитетот на сонот не се подобрил дури и ако на жените што не ‘рчат им било дозволено да спијат сами и мирно ноќе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.