Девет месеци затвор за мажот кој ја украде статуата на Брус Ли од центарот на Мостар

Мажот кој ја украде статуата на филмската ѕвезда и кунг фу мајстор Брус Ли од центарот на Мостар е осуден на десет месеци затвор од судот во тој град, соопштено е денеска.

Општинскиот суд во Мостар ја прифати спогодбата на Обвинителството на Херцеговско-неретванската жупанија со 46-годишниот сторител, кој и претходно бил познат по низа други кривични дела.

Со пресудата е утврдено дека Д.П. најпрво ограбил продавница од каде што украл алат, по што на почетокот на март скршил бронзена статуа на Брус Ли во Градскиот парк Зрињевац, ја зел и ја отсекол за да ја продаде како секундарна суровина.

Недолго потоа полицијата го пронашла крадецот и го уапсила.

Статуата на Брус Ли беше поставена во централниот парк на Мостар во 2005 година на иницијатива на првиот човек на невладиното здружение „Урбани покрет – Мостар“, сега пратеник Нина Распудиќ и Веселин Гатал.

Пронајдете не на следниве мрежи: