Диета на д-р Жан Митрев: Ослабете 15 килограми за 19 дена

Диета на д-р Жан Митрев: Ослабете 15 килограми за 19 дена

Кога времето ќе се стопли гардеробата мора да биде минимална. Ако на тоа се додаде и дека ќе сакате да изгледате убаво на плажа, време е да се ослободите од килограмите кои ги добивте во текот на зимата. Оваа диете ја препорачуваат докторите.
ДИЕТА ЗА 15 ДЕНА (од болница-Кардиологија)
Појадокот е ист во текот на 15 дена, а се состои од 1 овошје (портокал, круша, праска, диња, лубеница, не смее банана и грозје) двопек, шолја кафе или чај без шеќер.


1. ден
Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
Вечера
2 домати или 200 мл варени домати
2 варени јајца
1/2 главица зелена салата или краставица
2 прачиња двопек


2. ден
Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
Вечера
125 г варено телешко месо
1 домат
1 портокал
1 парче двопек
1 шолја чај или кафе без шеќер


3. ден
Ручек
1 портокал
1 варено јајце
1 канче кисело млеко
1 главица зелена салата или краставица
Вечера
125 г варено телешко месо
1 портокал
1 парче двопек
1 шолја чај или кафе без шеќер


4. ден
Ручек
125 г кравјо сирење
1 домат
1 парче двопек
Вечера
125 г варено телешко месо
2 домати
1 јаболко
1 парче двопек


5. ден
Ручек
200 г варено месо или риба
1 домат
1 парче двопек
Вечера
1/2 кг варен зеленчук (морков, грашок, компир)
1 варено јајце
1 парче двопек


НАПОМЕНА:
Месото и варениот зеленчук се зачинуваат со сув зачин.
6. и 7. ден се без диета.
За време на диетата не се пие алкохол.


После 5-тиот ден се губат 2,5 до 5 кг, а по два дена пауза диетата се повторува 3 пати (5 дена + 2 дена пауза) и се губат без последици по здравјето 15 кг. Килограмите нема да се вратат доколку по завршувањето на диетата јадете нормално освен секој понеделник.
Во понеделниците треба да се консумира:
Појадок: 1 чаша сок од лимон без шеќер
Ручек: 1 јаболко,1 парче двопек
Вечера: 1 варено јајце, 1 домат, 1 парче двопек


Сите наведени состојки може да се земаат топли или ладни, но важно е да се земаат по наведениот редослед и да не се изостави ниту една. Ако не се земаат по редослед или ако се промени некоја состојка, нема да се постигне саканиот ефект.

Пронајдете не на следниве мрежи: