Еве кои се најскапи градови за живот во 2024 година

Хонг Конг ја задржа титулата најскапо место за живот и престој – на светско ниво, во истражувањето на „Мерсер“ за 2024 година. Топ-листата беше објавена во понеделникот, па кинескиот град, исто како и во 2022. и 2023 година, и овојпат го зазеде местото број 1., додека пак, Сингапур е на второто место.

Најголем дел од првите 10 најскапи градови за живеење се во Швајцарија – Цирих, Женева, Базел и Берн, кои се наоѓаат на третото, четвртото, петтото и шестото место.

Извештајот испита 226 градови врз основа на компаративните трошоци за над 200 предмети на секое место, земајќи ги предвид цените за превоз, храна, облека, предмети за домаќинството и забава. Така, Њујорк е најскапиот град во САД, и го зазеде место бр. 7 на листата. Главниот град на Велика Британија, Лондон беше рангиран на 17-то место минатата година, а сега е на бр. 8. Насау, на Бахамите, е на деветтото место, а Лос Анџелес ги заокружува првите 10 градови.

Според наводите, високите цени за станови и зголемените трошоци за превоз, стоки и услуги се меѓу причините поради коишто трошоците за живот во овие градови се особено високи.

Пронајдете не на следниве мрежи: