Ердоган изрази надеж дека Турција и Сирија нема да паднат на провокации

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, ден по маосвните антисириските немири во неговата земја и последователно антитурските немири во соседната Сирија, изрази надеж дека Анкара и Дамаск, кои се трудат да ги нормализираат односите, „нема да паднат во оваа замка“.

Во неделата имаше немири во турската провинција Кајсери, откако полицијата привела Сириец по пријава за насилство врз дете со сириско потекло, кое е негов роднина. Детето е предадено на органите за старателство, мажот е уапсен. Во задината на немирите, турската претседателска администрација најави обид за провокации со цел да се наруши мирот и редот во земјата. Во исто време, сириската радио станица Sham FM објави дека во областите Африн, Аазаз и Ал Баб на северот на провинцијата Алепо дошло до судири меѓу турските војници и милитантите од голем број групи кои се сметаат инаку за лојални на Анкара.

„Планот за хаос беше поттикнат во врска со одвратниот и озлогласен случај на злоставување во Кајсери. Вториот чин беше одигран во северна Сирија. Добро знаеме кој ги напишал. Ниту ние, ниту нашите браќа и сестри од Сирија нема да паднеме во оваа предавничка замка би сакал да нагласам дека не подлегнуваме на расистички вандализам и провокации“, се наведува во писменото обраќање на Ердоган до нацијата коешто објавен по состанокот со владата.

Турскиот претседател Таип Ердоган ја обвини опозицијата за антисириските напади, обвинувајќи ја за поттикнување расизам во земја која е дом на повеќе од три милиона сириски бегалци. „Ништо не може да се постигне со поттикнување ксенофобија или омраза кон бегалците во јавноста“, рече тој во понеделникот.

Ердоган претходно во петокот рече дека е можна средба со Асад за обнова на билатералните односи. Турција ги прекина односите со Сирија по избувнувањето на сириската граѓанска војна во 2011 година и ги поддржа бунтовниците кои сакаат да го соборат Асад.

Турското Министерство за внатрешни работи извести дека во врска со немирите во Кајсери, околу 37 отсто од пораките на социјалните мрежи биле објавени од ботови, а речиси 70 отсто од пораките биле напишани со цел да се предизвика провокација. Покрената е истрага за 63 профили на социјалните мрежи, а сопствениците на десет веќе се изведени пред лицето на правдата.

Агенциите за спроведување на законот приведоа речиси 70 лица кои учествуваа во немирите, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја рече дека Турција е правна држава и дека криминалците добиваат заслужена казна. Јерликаја ги нарече неприфатливи манифестациите на ксенофобија и нарушување на јавниот ред.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го нарече „отровното“ размислување на опозицијата една од причините за инцидентот.

Турција во вторникот го затвори својот главен граничен премин кон североисточна Сирија, откако турските војници беа нападнати од Сиријци гневни поради насилството врз нивните сонародници во Турција, изјавија локални жители и извор од сириската опозиција. Во вторникот турската полиција уапси 474 лица вклучени во нападите врз сириската заедница ширум земјата во текот на ноќта, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во централниот град Кајсери, сириски имоти, куќи и возила се уништени и запалени. Насилството беше поттикнато од објавите на социјалните мрежи дека Сириец злоставувал роднина. Јерликаја рече дека инцидентот се истражува. Насилството подцнасе прошири во провинциите Хатај, Газиантеп, Коња, Бурса и областа Истанбул, објави турската разузнавачка агенција MIT. На социјалните мрежи беше објавено дека меѓу Сиријците има и повредени.

Пoтоа, стотици гневни Сиријци излегоа на улиците во неколку градови во северозападна Сирија под контрола на бунтовниците, област каде Турција има илјадници војници и ја изгради својата сфера на влијание што го спречи сирискиот претседател Башар ал-Асад да ја преземе контролата над тие територии.

Доцна во понеделникот, Турција одговори на немирите со затворање на граничниот премин Баб ал-Хаву, главна трговска и патна рута за повеќе од три милиона жители, како и Баб ал-Салам и други помали премини до дополнително известување, изјави претставник на граничната служба.

Сирискиот пограничен град Африн беше место на најжестоките судири. Најмалку четири лица загинаа. Цивилите фрлаа камења врз турските конвои во неколку градови и го тргнаа турското знаме од некои канцеларии.

Пронајдете не на следниве мрежи: