Ештон: Србија и Косово близу договор за нормализација на односите

Високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, изјави во средата доцна навечер, по повеќе од 12 часа преговори дека Србија косово се приближиле на решение за северот на Косово и изрази надеж дека договорот ќе биде заклучен на следниот состанок на 2-ри април.„Мојата лична процена е дека сме многу близу до решение за северно Косово, Се надевам дека договорот ќе биде склучен на 2-ри април, на следниот состанок“, изјави Кетрин Ештон на прес-конференцијата по завршувањето на седмиот круг од дијалогот меѓу Србија и Косово кој се води под покровителство на Европската унија.За одбележување е што учесниците во преговорите првпат по разговорите им се обратија на медиумите на заедничка прес-конференција.Премиерите на Србија и на Косово, Ивица Дачиќ односно Хашим Тачи, беа малку повнимателни во оцените од резултатите на синоќешните разговори.„Не можам да кажам ниту дека сме блиску, ниту дека сме далеку од договор. И натаму постојат некои разлики по прашањето на надлежноста на заедницата на српските општини на северот на Косово, но денеска остваривме одреден напредок“, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ.Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека разговорите биел водени „во позитивна и конструктивна атмосфера“, како и дека не може „да потврди дека се блиски или далеку од договорот“, но дека може да потврди дека се „на вистинскиот пат кој води кон решение“.Двајцата премиери ѝ го честитаа роденденот на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон кој го минала помагајќи им да се приближат до решението коешто би овозможило нормализација на меѓусебните односи.Преговорите започна во претпладневните часови во вторникот со заедничкиот состанок на двајцата премиери со високата претставничка Ештон, а по тоа следеа билатерални средби со Ештон со Дачиќ а потоа и со Тачи. По паузата, преговорите беа продолжени по 15.30 часот со нов заеднички состанок.Во текот на вторникот и двајцата премиера разговараа и со највисокиот американски функционер задолжен за западен Балкан поранешниот амбасадор на САД во Република Македонија, Филип Рикер, кој секогаш се затекнува Брисел која се водат преговори меѓу Србија и Косово.Преговорите за нормализација на односите меѓу Србија и нејзината поранешна јужна покраина Косово и Метохија, којашто во 2008 година со поддршка на САД и највлијателните членки на Европската унија прогласи еднострано независност што Белград не ја признава, влегоа во најтешката фаза, во која се правата обиди да се реши прашањето на паралелните институции на северот од Косово каде што мнозинско население се Србите. Се бара решение за укинување на паралелните структури во здравството, образованието, полицијата и правосудството и начинот на нивното вклучување во правната и правната рамка на Косово.Постои согласност дека решение за тоа е заедницата н српските општини, но нема согласност за тоа кави овластувања би имала таа заедница. САД повеќепати истакнаа дека не сакаат да има „втора Република Српска“ на Косово.Забележителната и одржлива нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е условот за напредокот во европските интеграции за двете страни. За Србија да добие датум за почеток на пристапните преговори за полноправно членство во Европската унија, а за Косово да ги започне преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација.Европската комисија кон средината на април ќе го објави извештајот за постигнатиот напредок, а врз основа на извештајот на Европскиот совет во јуни може да ги донесе соодветните одлуки.Притоа Дачиќ изјави дека Србија е приврзена на дијалогот не поради добивање на датумот, туку затоа што сака да го реши прашањето коешто не е решавано со децении.
МакфаксВисоката претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон, изјави во средата

Пронајдете не на следниве мрежи: