Жена го претепала сопругот, па го обвинила за закани

Во неделата, во 10.20 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со Д.З.(50) од Скопје.

Имало претходна пријава дека на 29.06.2024 околу 20 часот во домот на подрачјето на Центар ѝ упатувал закани на неговата сопруга Б.З.(47) од Скопје.

Претходно, во 15:20 часот бил извршен службен разговор со Б.З., по претходна пријава дека на 26.06.2024 околу 18:30 часот во домот физички го нападнала нејзиниот сопруг Д.З.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: