Заборавете на оние кои ви нанеле болка, животот е исполнет со убави работи околу нас

Сакајте ги пријателите кои ве сакаат со цело срце и кои ќе направат сѐ за вашата насмевка.

Сакајте ги родителите кои секогаш ви даваат поддршка и кои ве прифаќаат онакви какви што се.

Сакајте ги своите браќа си сестри, кои иако се шегуваат со вас ве сакаат премногу.

Сакајте ја убавината на ноќта и ѕвездите кои ви покажуваат колку е скапоцен животот.

Сакајте ги местата кои ги посетувате, кои прават да се чувствувате живи.

Сакајте ги своите соништа и амбиции бидејќи тие ве прават човек.

Сакајте ги своите добри страни, бидејќи тие ви помагаат да верувате во себе.

Сакајте ја уметноста околу вас и ефектот кој таа го има на вас. Сакајте го тоа како совршено ги покажува вашите чувства и вашата болка.

Сакајте ги оние кои случајно ги среќавате а прават да се чувствувате исполнето и среќно.

Сакајте ги добрите луѓе кои доаѓаат во вашиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи: