Зоки Фаци одново се огласи за борбата со канцерот: Ме промени од корен, животот ми зема се

Естрадниот новинар Зоран Василевски или познат како Зоки Фаци како што е познато минува низ тежок период од животот.

Тој се бори со канцер, а периодов е подложен на хемотерапии. Денес на својот инстаграм профил емотивно се огласи и кажа
Борбата со канцерот ме промени од корен. Не знам дали ме направи подобар човек, дали сум добар кон френдовите. Материјалниот свет е минато, духовниот ми е поблизок.

Канцерот ме умори овие две три години. Не му се давам. Животот ми зададе безброј удари, ми даде се, но и ми зема се..
Насмевката е се што имам и кога ми е натешко ќе се насмеам. Не ги бројам стрелите во грбот. Вистинските индијанси воини ќе речат

Ова е добар ден за умирање, мојот се уште не е дојде. Насмејте се, животот е убав.

Пронајдете не на следниве мрежи: