Идната година Москва ќе добие трамваи без екипаж

Во 2025 година во Москва ќе бидат пуштени во употреба трамваи без екипаж ќе бидат.

Пред да почне да биде дел од секојдневниот сообраќах, овој трамвај ќе мора да помине низ „три фази на еволуција“, соопшти заменик-градоначалникот на Москва за сообраќај Максим Ликсутов.

Во првата фаза трамвајот не превезува патници, а неговата контрола ја надгледува возачот. На вториот, возачот исто така ги следи командите, но на луѓето веќе им е дозволено да се возат. Во третата, последна фаза, трамвајот почнува да работи целосно автономно и самостојно ги превезува патниците.

Втората фаза на тестирање ќе почне оваа година во четвртиот квартал, а во 2025 година трамвајот ќе биде пуштен во Москва и ќе почне да работи целосно автономно. Откако првиот трамвај успешно ќе ги помине сите тестови, целиот преостанат возен парк ќе се префрли на беспилотна работа.

Плановите на московската влада вклучуваат и префрлување на електричните автобуси и метрото на работа без екипаж.

Пронајдете не на следниве мрежи: