Кој кого лаже? Што е под контрола кога ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ГОРИ?!

Активни се огромни пожари на повеќе локации низ Македонија. За пожарот во неготинско јавноста е најзапознаена, иако и вестите кои доаѓаат од официјалните лица и за таму се благи. Премиерот денеска смируваше дека „за ден-два ќе се стави под контрола пожарот“, нема зошто граѓаните да се вознемируваат, иако практично изгоре цела планина.

Огромен пожар, за кој речиси и да не се кажува ни збор, има во Битола, каде има и повредени двајца пожарникари! Гледачи на Инфомакс испратија фотографии од Битола и Радовиш, граѓаните информираат дека пожар се шири и кај Кондово, Штип и на други локации низ Македонија.

И додека Македонија гори, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ја смирува јавноста, а владејачката коалиција ги искористува пожарите за пи-ар и наместо да се фатат за работа, се жалат дека претходната власт е виновна за се.

Некој треба да одговори како, иако професионалните пожарникари добро знаат дека шумски пожари најдобро се гаснат ноќе, како тоа после 12 часот се престанува со гаснење на пожарите?!

И зошто Македонија повторно е во состојба да ги моли соседните и пријателските држави за помош, наместо еднаш да обезбедиме тоа што е потребно за справување со пожарите?!

Граѓаните мора да ја знаат точната ситуација, не ублажени верзии од пожарите кои во моментов, се страшни, а штетите ќе бидат уште пострашни.

Слушнете ги нашите коментари во живо во „Тешки муабети“.

Погледнете детали за пожарите во Битола:

Пронајдете не на следниве мрежи: