Крмов: Африм Гаши нема да добие од нас претставка, ќе добие тужба за непочитување на македонскиот јазик

– Африм Гаши заедно со Мерита Коџаџику, нема да добијат од нас претставка, ќе добијат ТУЖБА! И тоа ќе му биде прва тужба како претседател на Собрание. Значи, уште не беше верификуван, ќе добие тужба – истакна пратеникот Крмов во гостувањето во ,,24 Анализа” на ТВ 24.

– Ние од Левица на Талат Џафери му имаме пуштено 11 кривични. Колку кривични ВМРО – ДПМНЕ му има пуштено на Талат? НУЛА – истакна Крмов.

Пратеникот Борислав Крмов се осврна кон Африм Гаши во контекст на тоа дека во четиригодишниот мандат, Гаши не земал ниту збор.

– Тие имаат високи очекувања од ,,колега” кој не земал збор во Собранието на Република Македонија, а тоа му било работа – додаде Крмов.

Пратеникот Крмов го потенцираше и моментот на изречената изјава од страна на Гаши прво на албански јазик, со што е прекршен Уставот, а за кое од ВМРО – ДПМНЕ молчеа и сè уште молчат.

Пронајдете не на следниве мрежи: