Мбапе има скршеница на носот, со маска ќе го доигра Европското првенство!

Во финишот од натпреварот против Австрија, Килијан Мбапе заработи повреда на носот поради која мораше да излезе од мечот.

Селекторот Дидие Дешан потврди дека веројатно се работи за скршеница на носот.

„Да, Килијан Мбапе веројатно го скрши носот“, потврди Дешан.

Ако е точна оваа констатација, Мбапе до крајот на Европското првенство ќе настапува со маска.

извор: sport1.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: