МВР ја откри Америка: Лицето што го замени македонското знаме со албанско на врвот Голем Кораб не е државјанин на Македонија

На социјалната мрежа Фејсбук објавено е видео на кое се гледа како едно лице го закачува албанското знаме на јарбол поставен на врвот Голем Кораб и потоа го отстранува македонското знаме.

„Во врска со видеото објавено на социјалните мрежи каде од страна на едно лице на Кораб е симнато македонското знаме и е поставено знаме на Република Албанија, Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени мерки од страна на Одделот за компјутерски криминал утврдено е дека се работи за лице кое не е државјанин на РСМ. Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР .

Пронајдете не на следниве мрежи: