Мицкоски вели дека е незаконски да има прв вицепремиер, но сепак џентлменски се договориле со Влен

Изет Меџити ќе го наследи Артан Груби и ќе биде прв вицепремиер во новата Влада. Според премиерот Христијан Мицкоски оваа функција е незаконска, но се работело за џентлменски договор во Владината коалиција.

-Според законот кој што е важечки Владата односно премиерот има заменици, а договорот којшто го имаме во рамките на коалицијата е да да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити. Но тоа е надвор од законот. Законот вели односно подразбира само заменици на претседателот на Владата. Тоа што досега е работено на диво и незаконски, тоа нема да биде пракса во работењето на оваа Влада. Но, да џентлменскиот договор во рамките на нашата коалиција и во рамките на нашето функционирање е таква, рече Христијан Мицкоски, Премиер

На изјавата реагираа од ДУИ. За “Слободен Печат” тврдат дека Груби не бил “на диво” прв вицепремиер.

-Деловникот за работа на Владата е променет на првата седница на Владата во 2020 година и предвидува прв вицепремиер. Тоа е ветување на ДУИ коешто е остварено – велат од ДУИ за „Слободен печат“.

И додаваат дека по измената на Деловникот за работа на Владата немало потреба да се промени и Законот за Влада.

Пронајдете не на следниве мрежи: