Москва започна вежби со ракети за стратешко нуклеарно одвраќање

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека изведува вежби со мобилни фрлачи на интерконтинентални балистички ракети „Јарс“.

Станува збор за ракети кои се користат за стратешко нуклеарно одвраќање.

Како што потсетува „Интерфакс“, вежбите се изведуваат неполн месец откако Москва и Белорусија одржаа заеднички вежби на тактичко нуклеарно оружје.

Министерството соопшти дека екипажот на ракетни фрлачи во најмалку два различни региони е подготвен да премести повеќе од 100 километри и да вежба камуфлажа и распоредување.

-Слични вежби во блиска иднина ќе се одржат и во други ракетни формации, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: