ПО ОВА ДЕВОЈЧЕ ТРАГА ЦЕЛА ГРЦИЈА: Ако го видите, веднаш пријавете во полиција!

Девојче на возраст од 14 години е киднапирано во Грција, во месноста Лариса. Активиран е amber alert.

Грчките медиуми објавуваат дека девојчето се вика Хрисула. Исчезнала на 27 јуни околу 20.30 часот, по што обвинителството објавило дојава за исчезнати лица.

Се претпоставува дека девојчето го киднапирало постаро лице.

Медиумите пренесуваат дека Хрисула е висока 155 сантиметри, тешка 55 килограми и има долга кафена коса и темнозелени очи.

Во моментот на нејзиното исчезнување, таа носела зелени шорцеви, бела маица и бели влечки.

Доколку го видите ова 14-годишно девојче, веднаш повикајте полиција!

Пронајдете не на следниве мрежи: