Радев му одговори на Мицкоски: На власта во Скопје ѝ недостасуваат познавања по меѓународно право

Државното раководство на Република Северна Македонија јавно не е подготвено. Неопходно е познавање на меѓународното право, нешто што најверојатно им недостасува. Кога ќе се потпише меѓународен договор истиот треба да се исполнува од сите наредни влади а не да се ревидира.Така бугарскиот претседател Радев го коментираше повикот на премиерот на РСМ Христијан Мицкоски да се предоговори Договорот за пријателство и добрососедство со РС Македонија, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа, пренесува Трибуна.

Изјавата на бугарскиот претседател Радев доаѓа за време на брифингот пред бугарските новинари пред работната средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина.
Вчера Мицкоски изјави дека Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија може да биде предоговорен. Како коментар на зборовите на Мицковски , Радев објасни дека на власта во Скопје и недостасуваат знаења по уставно право. Моделите на бугарскиот Устав и Уставот на РСМ се многу различни. Нивниот штити колективни права додека бугарскиот Устав ги штити индивидуалните права.

Јавно недостасуваат и познавања на европското законодавство, бидејќи кога има заклучоци на Советот прифатени со консензус истите треба да бидат исполнувани а не да бидат објект на пазарење, категоричен е Радев.
,,Има што да научи државното раководство на РС Македонија. Ние сме готови да им помогнеме како што секогаш сме им помагале на РС Македонија на нивниот европски пат. Тие процеси за жал ја оддалечуваат земјата од европската интеграција и ги вознемируваат како Бугарија така и Грција, бидејќи не може да си член на НАТО и да сакаш да станеш член на ЕУ и да излегуваш во јавност со вакви позиции. Важно е РС Македонија да се придржува кон својот европски пат”, изјави бугарскиот претседател Радев.

,,Потребни се познавања во статистиката , бидејќи барем 120 000 граѓани на РС Македонија добиле бугарско државјанство врз основа на нивно докажано потекло со документи. Треба да има елементарни познавања во однос на правата на човекот, бидејќи ние не ги тепаме луѓето кои имаат различен идентитет, не пукаме врз нивните клубови , не се обидуваме да ги запалиме и не ги држиме луѓето далеку од секакви позиции во администрацијата”, додаде бугарскиот претседател.

Пронајдете не на следниве мрежи: