Рамчиловиќ се сретна со Дамјан Марковски – момче кое пешки тргна кон манастирот Острог во благородна и хумана мисија

Амбасадорот на Македонија во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ денеска на својот Фејсбук профил објави дека остварил средба со Дамјан Марковски.

Се работи за момче кое пешки тргна кон манастирот Острог во благородна и хумана мисија.

„Денес во својата благородна и хумана мисија на патот до поставената цел Манастир Острог, низ Подгорица помина едно младо момче со големо срце, Damjan Markovski! На обострана чест и задоволство во Амбасадата на Македонија во Црна Гора имаше средба со амбасадорот Zećir Ramčilović. Му посакуваме со лесно да го помине преостанатиот дел од патот и да ја заврши својата благородна и духовна мисија во чест на Св. Василије Острошки“, напиша Рамчиловиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: