Корисникот на платформата „X“ потпишан како „Man from Skopje“ сподели видео од Скопје во осумдесетите години на минатиот век.
На видеото може да се види Скопје – раздвижено! Луѓе и автомобили низ улиците, но многу е поразлично од денес, речиси четири децении од тогаш.
Вака ли изгледала гужвата во Скопје некогаш?
– Гужва не ни можеше да има во сообраќај зошто се возеше пар- непар и со бонови за бензин, на ретко снабдени бензински, коментираат скопјани.