Саливан: САД со дополнителни санкции ќе одговорат на сецесионизмот на Додик

Советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан изјави дека САД се загрижени поради зголемените закани за територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина од претседателот на Република Српска Милорад Додик.

– Ќе продолжиме да одговараме на сецесионистичките акции и нападите врз Дејтонскиот мировен договор, вклучително и преку употреба на дополнителни санкции, посочи Саливан.

Тој го поддржи високиот претставник Кристијан Шмит и овластувањата на Бон за одбрана на Дејтонскиот мировен договор.

– Ние ќе продолжиме да стоиме покрај граѓаните на БиХ и нивната цел за постигнување на демократска и просперитетна БиХ интегрирана во евроатлантската заедница, наведе Саливан.

Американската администрација веќе неколку пати преземаше чекори со цел да ги смири запаливите акции на Додик. Санкционирани се многу поединци и фирми, кои се поврзани со семејството Додик и кои помагаат или директно учествуваат во сецесионизмот и нападот на уставниот поредок на БиХ.

Последните санкции дојдоа во форма на блокирање на неколку фирми од РС, кои неодамна беа реорганизирани, со цел да се овозможи работата на компаниите кои претходно беа санкционирани, како што е АТВ. На списокот сега се додадени и Сириус, ТВ УНА и компанијата во која беа „префрлени“ вработените и работењето на АТВ. На американската црна листа веќе се Милорад Додик и неговите две деца Горица и Игор, Жељка Цвијановиќ, Радован Вишковиќ, министрите од РС Милош Букејловиќ, Петар Ѓокиќ и Ален Шераниќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: