Сашо Мијалков им честиташе Курбан Бајрам на верниците

Поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков, на сите верници од исламска вероисповед им го честиташе големиот празник Курбан Бајрам.

– „Курбан Бајрам како празник на човечноста, солидарноста и дарувањето, ни го покажува патот на вистинските вредности и не учи дека животот е исполнет само доколку е посветен на правење добри дела и грижа за останатите.

Се надевам дека овој голем празник го дочекувате во добро здравје и спокој, во кругот на вашите најблиски.

Нека е честит Курбан Бајрам на сите кои го слават и нека донесе благосостојба, љубов и радост во семејствата и многу успеси на професионален план.“ – напиша Мијалков на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: