Се огласи Груевски на Фејсбук: Се спроведува асимилација на Македонците во Албанија

ПОПИСОТ ВО АЛБАНИЈА, АСИМИЛАЦИИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ, ПОПИСИТЕ ВО БУГАРИЈА ПО II СВЕТСКА ВОЈНА И ЃОРЃИ ДИМИТРОВ (18 јуни 1882 – 2 јули 1949) – ПРВ ДЕЛ

ИСТОРИСКА ЛАГА Е ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ (ИЛИ БИЛО КОЈ ДРУГ НАРОД) ВО ОДРЕДЕНИ ОКОЛНОСТИ НЕ БИЛЕ И НЕ МОЖЕ ДА СЕ АСИМИЛИРААТ

Деновиве излезе информацијата дека на пописот во Албанија околу 7.000 од Македонците се декларирале како Бугари, а само околу 2.200 се декларирале како Македонци, кои уште ги нарекле и северно Македонци. На сите претходни пописи по втората светска војна во Албанија немало попишани кои се изјасниле за Бугари, вклучително и на последниот попис во 2011 година.

За мене ова не е изненадување. За ова пишував и апелирав минатата година со моја фб објава на 23 септември 2023 година.

Според информациите од теренот има три главни причини.

Првата причина според сите информации кои ги добив од теренот, е дека државата Албанија овозможи на бугарската влада вештачки создавање бугарско малцинство во Албанија на сметка на македонското, процес кој официјално започна во 2017 година со признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија и продолжи на овој попис преку специјален пописен инжињеринг со кој голем дел од македонското население се попишани како Бугари.

Пописот не е правен со пишување на хартија, туку со допир на т.н.таблети во кои попишаниот нема никаков увид или личен допир, туку попишувачите прашуваат и внесуваат податоци за сѐ, но во 95% од случаите само тие гледаат и знаат што внесуваат. Тие подароци најчесто попишаниот не може ни да види дали правилно се внесени, а на крајот на денот може и да се променат во некои сегменти доколку има потреба. Со оглед што во овие прилики нема потпис на потпишаниот, нема никаков доказ, кој што кажал дека се чувстува.

Информациите кои ги добив од Албанија кажуваат дека македонското население таму е вознемирено од резултатите од пописот, и свесно е дека се нереални.

Исто така таму се смета дека свесно е направен пописен инжињеринг во делот на вкупното население во државата, со цел да се прикаже помногубројно, заради влечење поголеми средства од ЕУ во многу проекти каде парите на земјите од регионот се делат според бројот на жители.

Информациите велат дека бројката од околу 2,4 милиони жители не е реална, ако се спореди со бројот на лица кои според европската агенција за статистика Еуростат годишно се иселуваат од Албанија во ЕУ, навраќајки се наназад и споредувајќи и мерејќи со претходните пописи.

Според тие пресметки, реално бројот на жители во Албанија треба да е помеѓу 1,6 и 1,7 милиони жители.
Но, тоа е друг проблем кој не е предмет на овој текст.

Се смета дека ваквиот пописен инжињеринг во кој предмет на изигрување се етничките Македонци кои живеат во Албанија, не може да не е тивко договорен помеѓу двете влади со активно вклучување на дипломатијата и пред се тајните служби.

Сосема логично е дека Албанија за ова би добила одредени концесии за возврат, можеби поврзани со зголемена подршка во почнувањето и процесот на преговори со ЕУ, а секако и пофалби на земја членка на ЕУ која одблиску го следела пописот и отценила дека е многу професионално и демократски спроведен, особено значајно за Албанија во светлина на вкупниот број на жители.

Причината за овој резултат поврзано со бројот на попишани Македонци и Бугари, според проценките од теренот, можеби 90% лежи во овој пописен инжињеринг.

Во правец на ова оди и информацијата дека Албанија во 2019 година спроведе пилот попис, пробен попис во помал број општини, чии резултати не се објавија, но некои бугарски првенци активисти по македонското прашање и асимилацијата на Македонците ги дознаа подароците и објавија бројка за општината Пустец за кои самите кажаа дека е поразителна за нив, со само еден попишан Бугарин во единствената општина во Албанија со мнозинско македонско етнички население.

Втората причина е дека власта во Македонија од средината на 2017 година до сега, направи серија огромни и недозволени од мнозинството граѓани на Македонија многу крупни отстапки по националните прашања на Македонците, кои прават долгорочна штета, а во однос на Грција и Бугарија.

Со тоа во континуитет во еден седум годишен период истата демонстрираше голема негрижа и незаинтересираност за национални итереси на македонскиот народ, што најголем дел од македонците го карактеризираа како национално предавство, бидејќи беше очигледно дека првенците на власта, а особено главниот водач (Зоран Заев) за возврат добија можност неказнето да прават крупен криминал кој ќе остане не казнет. Уште повеќе што стана јасно дека така заработените пари, легализирани постепено главно преку една земја на средниот исток предводникот на овие политики преку семејни фирми инвестираше во повеќе држави во различни бизниси, како на пример градба згради со апартмани во три градови во Швајцарија (Fribourg, Belfaux и Marly), авионска компанија во Индија, неколку проекти во ОАЕ, згради во Таџикистан итн.

Односот на власта во тој период кон сопствениот народ беше како на марионетска власт, која не одговара пред народот бидејќи е поставена од друг, и нему му одговара.

Сето тоа доведе до дополнителна морална ерозија на општеството, разочарување и апатија кај македонските во Макеоднија ни и надвор од неа. Кога такви работи се случуваат во Македонија, логично се поставува прашањето што можат да очекуваат Македонците во соседните земји или во дијаспората во смисла на помош и подршка од матичната земја. Тие целосно загубија верба дека матичната национална држава воопшто нешто мисли на нив или има најмала можна грижа за нив, кога веќе на сила ги изневериле Македонците во самата Македонија.

Покрај ова политичарите во Макеоднија, а особено власта во Макеоднија со ништо не ја помагаа македонската заедница во Албанија, ниту макеоднското движење особено во време на изборите, што е многу различно од периодот претходно, кога освен посети, и како влада и како партија(и кога бевме власт и претходно кога бевме опозиција) дававме одредена помош на макеодонското движење во Албанија, овозможивме масовно, брзо и лесно стекнување со македоснко државјанство на сите етнички Македонци во Албанија, што меѓу другото им беше од помош за здравствено осигурување и други предности, бесплатно високо образование на државните универизитети, склучивме куп билатерални договори со кои им го олеснивме животот во некои сегменти на Македонците таму итн. Такви нешто по 2017 година нема.

Дополнителни и многу важно, Албанија, и не само Албанија, после се што се случи во последните 7-8 години во Македонија, релано веќе не ја смета Макеоднија за држава. Тоа се гледа и на пример од присуството и нивото на дипломатска и политичка присутност на албанските власти на одбележувањето на националниот ден на Макеоднија од македонската амбасада во Тирана. Тука не можам да им забележам на албанските власти, бидејќи навистина во минатите 7 години, со постапките на политичарите Македонија навистина воопшто не личеше на суверена држава, а држава и власт која не е суверена никој не ја зема сериозно за држава и власт.

Ова значајно го намали авторитетот и влијанието на Македонија и македонската влада во Албанија, па кога за време на пописот македонските активисти во Албанија реагираа кажувајќи што се случува, и онака малата и формална реакција на македонските власти за одредени неправилности од првата и третата точка од оваа анализа, немаа никаква тежина, никој не ги зеде и разгледа сериозно во Албанија или во меѓународната заедница, а и самите макеоднски власти реагираа минимално колку да не испадне дека ништо не кажале.

Сето ова имаше директно влијание , односно ја овозможи третата причина.

Третата причина, за која се чини дека има околу 10% влијание на нереалните резултати од пописот е агресивниот настап на Бугарија во Албанија пред и за време на пописот, преку силна пропаганда на теренот од амбасадата и фондации финансирани од бугарската влада, обид за поткуп на сиромашното македонско население преку разни т.н. донации на општините и индивидуални донации на дел од населението како телефони, таблети, бесплатни прегледи од Аџибадем Систина од Бугарија платени веројатно од тамошната влада и слични услуги и донации, со барање ветување дека ќе се пишат Бугари на пописот, што се заедно не им даде некој значителен резултат, иако потрошија милиони евра на ова.

Нешто што им даде делумен резултат е делењето бугарски државјанства и пасоши со кои се отвораат економски можности на граѓаните на тие сиромашни села, и целото условување околу тоа. Како на оние кои веќе ги добиле, со директни закани дека ќе им бидат поништени доколку не се пишат Бугари, а уште повеќе и помногубројно кај оние кои чекаат одобрување во прием на државјанство со закани дека ќе се прекине постапката и нема да го добијат државјанството кое единствено им треба од економски причини.

Дел од луѓето гледајќи дека албанската држава ги затвора очите пред неприфатливите активности на преставниците на Бугарија на теренот, подлегнаа под заканите и уверувањата дека иако законски тоа не е можно, сепак Бугарија ќе знае кој точно што се пишал, и се пишаа Бугари иако не се чувстуваат тоа, ниту говорат бугарски јазик.
На многу од овие луѓе според информациите од теренот им се јавувале или директно од бугарската амбасада со потсетувања и предупредувања, или од фондациите од Бугарија финасирани од властите од таа земја. Сето тоа беше премолчено од властите во Албанија, како македонските активисти и политичари навреме и за се реагираа.
Целта на сето ова се разбира е асимилација. Крајна цел е да “докажат” дека македонците секогаш биле Бугари. Тоа понатаму ќе го прават преку отворање училишта на бугарски јазик на основата на пописот, односно во општините каде “Бугарите” се најмалку 20% од населението, патна сигнализација на бугарски јазик и втор службен јазик во општината да е бугарскиот јазик.

Така идните генерации Македонски деца во Албанија од мали нозе ќе посетуваат училиште на бугарски јазик, чија основна задача ќе биде да создаваат граѓани со бугарска самосвест, учење на бугарскиот јазик и историја, и нивно воспитување да имаат бугарско самочувство и идентитет, како што многу нжод генерациите Македонци во егејска Македонија во Грција беа образувани на начин да имаат грчка самосвест. Македонци но Грци. Овие тука Македонци но Бугари. Едните тврдат дека Македонците се Грци, вторите дека се Бугари, а само територијално се родиле на некој геогравски простор наречен Македонија.

По 20,30 или 40 години, на пример во 2040 година или подоцна за 2011 година ќе се говори како за нешто пред речиси половина век.

А историски гледано Бугарите се добро навежбани во правење асимилација уште од 19. век па наваму. И не само Бугарите…

Но едно е 19. а друго 21. век. Сега Македонија е држава со институции, државен буџет, државна власт, фондови, тајни служби, дипломатија…

Во ситуација кога имаме своја држава, таков нивен успех во вршење асимилација на Македонците е можен само и исклучиво кога Македонија има многу слаба и многу корумпирана власт истовремено, која е подготвена за возврат да биде незаслужено на власт и да ја злоупотребува, да направи остапки кои нормална влада која има одговорност кон својот народ никогаш не би ги направила.

Една од најголемите заблуди по 2017 година што ги ширеа двоецот премиер и министер за надворешни работи, кои беа и потписници на договорите со Бугарија и Грција (Зоран Заев и Никола Димитров), и генерално главната владејачка партија во тие години што следеа, директно или индиректно водена од ист човек, е тезата дека никој не може да ги асимилира Македонците, дека никој и не успеал досега да ги асимилира Македонците, па нема ни од сега независно што ќе направат и слични невистини ставени во целите на нивната политичка пропаганда и цел, со која ги направија огромните остапки кон Грција и Бугарија, додека паралелно нивниот водач и дел од неговите поданици и администрација се богатеа со злоупотреба на функцијата и вршеа политички прогон кон оние за кои отценија дека може да им ги растурат плановите и целите.

Вистината е спротивна. Македонците биле масовно асимилирани од страна на соседните земји Бугарија, Грција и Србија уште во 19. век, па се до втората светска војна, но во Бугарија, особено во пиринска Македонија и во Грција, особено во егејска Македонија, тоа продолжило и долго по втората светска војна, траејќи и денес, па еве Бугарија денес се бори и вон своите граници, како случајот со Македонците Албанија каде постигнаа успех.
Стотици и стотици илјади Македонци во минатото биле асимилирани на разни начини, преку црквите и црковните училишта до 1912 година или подоцна преку државните училишта, присилно, со силна пропаганда, со примамливи привилегии, закани, втерување страв итн.

Всушност, речиси не постои народ кој не е подложен на асимилација од друга организирана за таа цел држава, особено народ кој нема своја држава, или кој е малцинство во друга земја без заштита од матичната национална држава.
Тоа не значи дека сите припадници на еден народ, вклучително и македонскиот можат да потпаднат под асимилација, но еден дел историски и научно докажано е дека можат.

Резултатите од пописот се поклопија и со информацијата дека поголема група од 80 македонски историчари деновиве упатиле отворено писмо до ЕУ, САД и до пошироката јавност во светот информирајќи за книгата за бугарската национална доктрина за 21 век издадена во 1997 година и националната стратешка програма од 1998 година, како нивната доктрина од 19. век, каде се очигледни национал шовинистички и асимилаторски тенденции, и желбите за голема Бугарија, со аспирации кон Република Македонија, бугаризација на Македонија или кратко и поедноставено кажано според овој документ во иднина не треба да има Македонци. Фотографија од ова на крајот на текстот.

Македонските ненародни власти беа незаинтересирани во минатите седум години, но мислам дека бугарските досега се кратковиди во однос на нивните политики во Албанија. Како тргнале на крајот во Албанија не ќе останат ни Македонци, ни Бугари. Како што добиваат бугарски пасоши, ќе се отселуваат од Албанија во земјите на ЕУ со повисок стандард и помалку малтретирање, па наместо за илјади за две три децении во Албанија ќе зборуваме за неколку стотици заедно Македонци и Бугари, за што треба да биде загрижена и Република Албанија ако властите гледаат долгорочно и со визија на опстанок на Албанија со народ во неа, а не со остатоци од народ.

Крај на првиот дел.

Утре 3. јули 2024 година: втор дел
,

Пронајдете не на следниве мрежи: