Сијарто: Унгарија е подготвена да посредува со Русија во интерес на мирот

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска на глобалниот мировен самит за Украина во Швајцарија изјави дека Унгарија е подготвена, имајќи предвид дека ги држела отворените канали за комуникација со Русија, да и пренесе пораки на Москва како посредник во интерес на мирот и спасувањето животи.

„Унгарија веќе прими повеќе од 1,3 милиони украински бегалци“, рече Сијарто, истакнувајќи дека неговата земја обезбеди пристап до здравствена заштита и образование за украинските семејства.

Сијарто истакна дека децата од украинските семејства моментално посетуваат 1.600 училишта и градинки, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.

Пронајдете не на следниве мрежи: