СОНЧЕВО И ТОПЛО: На југот и до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, информираат од УХМР.

Температурите се во пораст и ќе се движат во интервал од 24 степени во Маврово до највисоки 35 степени во Гевгелија и Демир Капија.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура во главниот град ќе биде 14, а во текот на денот ќе достигне до 34 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи: