Сообраќајна несреќа во Охрид: Неофицијално повредена е странска државјанка

Пред околу час и половина во стариот дел на градот Охрид, кај рампата во Горна Порта се случила сообраќајна несреќа, информираат читатели на Инфомакс.

По сообраќајната несреќа, според првичните информации, била повредена странска државјанка.

Како што велат нашите читатели, повредата настанала отако автомобил со едното тркало згазнало врз стапалото на туристката, по што брзо реагирале полицијата и брзата помош.

Повеќе информации за настанот очекувајте во текот на утрешниот ден.

Пронајдете не на следниве мрежи: