Тешка сообраќајка на магистралниот пат Гостивар-Кичево, повредени три лица од Охрид

На 27-ми јуни 2024 година, околу 20:30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска“, патнички автомобил марка „Рено“, со охридски регистарски таблици, што го управувал 63-годишен охриѓанец, излетал од патот.

– Кај возачот и сопатникот, 61-годишно лице од Охрид биле констатирани телесни повреди, а тешки телесни повреди во Општата болница во Кичево биле констатирани и кај вториот сопатник, 33-годишно лице од Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, информираат од МВР. (Крај)

Пронајдете не на следниве мрежи: