Трамп најави уште еден митинг во градот каде имаше обид за атентат врз него

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори Доналд Трамп најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, градот каде што имаше обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, Пенсилванија на голем и убав собир“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот на средбата, а деталите ќе ги соопшти подоцна, пренесува Ројтерс.

Пронајдете не на следниве мрежи: