Њујорк Тајмс: Бајден му призна на сојузникот дека е загрижен за неговата кандидатура

Весникот Њујорк Тајмс денеска објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден, по учеството на минатонеделната дебата со неговиот противкандидат Доналд Трамп, му рекол на еден од своите сојузници дека е свесен дека можеби нема да може да ја спаси својата кандидатура доколку не успее да ја убеди јавноста во следните неколку дена дека е способен да ја врши претседателската функција.

Извештајот на Њујорк Тајмс го опиша сојузникот на Бајден како „клучен“, но не го именуваше лицето, објави Ројтерс, истакнувајќи дека наслов во њујоршкиот дневен весник сугерира дека Бајден му рекол на својот сојузник дека размислува дали да ја продолжи претседателската кампања.

По објавувањето на извештајот, портпаролот на Белата куќа Ендрју Бејтс се огласи на социјалните мрежи за да ја негира точноста на овие тврдења, велејќи дека „тврдењето е апсолутно лажно“.

Пронајдете не на следниве мрежи: