Опо­зи­ци­ја­та не мо­же да си доз­во­ли лу­ксуз неј­зи­ни­те кан­ди­да­ти да не учес­тву­ва­ат на ло­кал­ни­те из­бо­ри

Во анализата на неделникот„Република“ се пишува дека распадот на СДСМ е само прашање на време со оглед на фактот дека партијата и така тешко опстојува, а до распад останува само да исчезне финансиската поддршка од градоначалниците.

Што нѐ оче­ку­ва на вна­треш­но­по­ли­тич­ки план во 2013 го­ди­на?

-Но­ви­на­ри­те и ана­ли­ти­ча­ри­те што ги кон­сул­ти­ра­ше „Ре­пуб­ли­ка“ се сог­ла­су­ва­ат во ед­но, СДСМ и опо­зи­ци­ја­та ќе за­гу­бат прем­но­гу ако ги бој­ко­ти­ра­ат ло­кал­ни­те из­бо­ри. Пар­ти­ја­та на Цр­вен­ков­ски би ги за­гу­би­ла единс­тве­ни­те фи­нан­си­е­ри – гра­до­на­чал­ни­ци­те, кои по шес­тго­ди­шен „пост“ од цен­трал­на­та власт, им се единс­твен из­вор на средс­тва за пар­ти­ја­та. И та­ка, на пос­лед­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во 2011 го­ди­на СДСМ го за­ло­жи и се­ди­ште­то на пар­ти­ја­та на по­ра­неш­на Би­ха­ќка. Тен­ка­та сме­тка на пар­ти­ја­та, во ко­ја и членс­тво­то не се пла­ќа ка­ко што тре­ба, е и дел од при­чи­ни­те за се­гаш­ни­те про­те­сти и сце­на­ри­ја на Цр­вен­ков­ски. Ва­ка, ка­ко и да е, ќе ги има на ме­ди­у­ми­те, на те­ле­ви­зи­и­те осо­бе­но, ка­де што рек­ла­ми­те се ска­пи, а пла­те­на­та по­ли­тич­ка про­гра­ма, тол­ку по­треб­на за ло­кал­ни­те из­бо­ри, ќе чи­ни мно­гу. СДСМ на овој на­чин, со се­којд­нев­ни про­те­сти, ќе ги има бес­па­ри се­кој ден во ме­ди­у­ми­те. Пра­ша­ње­то е -до ко­га? , пишува Република.

Според неделникот, те­ле­ви­зи­и­те, ра­ди­ја­та и пи­ша­ни­те ме­ди­у­ми мо­жат да ре­шат да ста­ват крај и на тоа.

Експертите велат дека со ог­лед на ло­ши­от реј­тинг СДСМ не мо­же да си доз­во­ли пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри за­ед­но со ло­кал­ни­те.

Новинарот Зоран Димитровски го анализира текот на настаните кои претстојат.

-Во пр­во­то три­ме­сеч­је на 2013 го­ди­на, из­вес­но е де­ка по­ли­тич­ки­те кон­фрон­та­ции во Ма­ке­до­ни­ја ќе поч­нат да се на­ма­лу­ва­ат, иа­ко на прв пог­лед се чи­ни де­ка до­пр­ва ќе рас­тат, со ог­лед на нај­а­ве­ни­те про­те­сти на опо­зи­ци­ја­та. Пр­ви­от сиг­нал де­ка е мож­но да дој­де до сво­е­вид­на по­ли­тич­ка нор­ма­ли­за­ци­ја е пос­лед­но­то ин­терв­ју на пот­пре­тсе­да­те­лот на СДСМ и гра­до­на­чал­ник на Стру­ми­ца, Зо­ран За­ев, кој ве­ли де­ка опо­зи­ци­ја­та ќе учес­тву­ва на ло­кал­ни­те из­бо­ри до­кол­ку вла­ста ги при­фа­ти си­те за­бе­ле­шки на ОБСЕ/ОДИХР и ако го ис­чи­сти из­би­рач­ки­от спи­сок. Ако не ста­ну­ва збор за од­мет­ниш­тво и за рас­кол во СДСМ, во што е те­шко да се по­ве­ру­ва, оваа из­ја­ва прет­ста­ву­ва пре­сврт кај опо­зи­ци­ја­та. Пред са­мо не­кол­ку де­на, се­га ве­ќе во ста­ра­та го­ди­на, ка­ко ус­лов да се вра­ти во ре­дов­ни­от по­ли­тич­ки жи­вот СДСМ ба­ра­ше из­бо­ри – и ло­кал­ни и пред­вре­ме­ни – што ќе ги ор­га­ни­зи­ра ме­ѓу­на­род­но те­ло, кое ќе ја га­ран­ти­ра нив­на­та ре­гу­лар­ност и де­мо­кра­тич­ност, по­тоа тех­нич­ка вла­да или вла­да на ши­ро­ка ко­а­ли­ци­ја што ќе ги спро­ве­де из­бо­ри­те итн. СДСМ, исто та­ка, офи­ци­јал­но ја од­би но­во­го­диш­на­та по­ра­ка на пре­ми­е­рот Гру­ев­ски пра­те­ни­ци­те од опо­зи­ци­ја­та да се вра­тат во пар­ла­мен­тот и да учес­тву­ва­ат на прет­стој­ни­те ло­кал­ни из­бо­ри. По­пу­сто За­ев од­но­во об­јас­ну­ва што са­кал да ка­же со из­ја­ва­та, а СДСМ по­втор­но цвр­сто об­ја­ву­ва де­ка не­ма да оди на из­бо­ри без но­ви­те ус­ло­ви. За­ев, очиг­лед­но, на­ив­но го откри­ва сце­на­ри­о­то на СДСМ. До пред из­бо­ри да се тру­би де­ка опо­зи­ци­ја­та не­ма да учес­тву­ва на нив, за да се до­бие што по­го­ле­ма от­стап­ка од вла­ста за из­бор­ни­те ус­ло­ви и да се мо­би­ли­зи­ра што по­ве­ќе членс­тво за по­ли­тич­ка би­тка, а по­тоа да се учес­тву­ва на ло­кал­ни­те из­бо­ри. За­што, јас­но е де­ка ма­не­вар­ски­от про­стор за опо­зи­ци­ја­та е мно­гу те­сен. Ли­де­рот Цр­вен­ков­ски не­ма мно­зинс­тво на­род зад се­бе за да при­ме­ни ре­во­лу­ци­о­нер­но сце­на­рио ка­ко што му пред­ла­га по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат Љу­бо­мир Фрч­ко­ски  – на­ро­дот да упад­не во Вла­да­та и во Со­бра­ни­е­то, да ги освои ин­сти­ту­ци­и­те на вла­ста и да ја сим­не на­сил­но ВМРО-ДПМНЕ, а по­тоа да се рас­пи­шат пред­вре­ме­ни оп­шти из­бо­ри. За на­род­но во­ста­ние СДСМ не­ма под­др­шка ни­ту од т.н. ме­ѓу­на­род­на за­ед­ни­ца, а го­ле­ма гла­во­бол­ка за Цр­вен­ков­ски е тоа што и две­те нај­го­ле­ми пар­тии на Ал­бан­ци­те се во ин­сти­ту­ци­и­те. Зго­ра на тоа, си­те по­ра­ки што ги до­би­ва СДСМ се по­ли­тич­ка­та би­тка да про­дол­жи да ја во­ди низ ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот. Се­пак, бр­зо вра­ќа­ње во Со­бра­ни­е­то не­ма да би­де мож­но пред ло­кал­ни­те из­бо­ри за­што тоа авто­мат­ски би зна­че­ло крај на ка­ри­е­ра­та на Цр­вен­ков­ски, кој не­ма на­ме­ра тол­ку бр­зо да си за­ми­не од по­ли­тич­ка­та сце­на, вели тој.

Опо­зи­ци­ја­та, смета Димитровски,  не мо­же да си доз­во­ли лу­ксуз неј­зи­ни­те кан­ди­да­ти да не учес­тву­ва­ат на ло­кал­ни­те из­бо­ри.

-СДСМ и та­ка те­шко оп­сто­ју­ва, па ако ис­чез­не фи­нан­си­ска­та и по­ли­тич­ка под­др­шка од гра­до­на­чал­ни­ци­те на не­кол­ку оп­шти­ни – Кар­пош, Стру­ми­ца, Охрид и Ку­ма­но­во, рас­па­дот на СДСМ ќе би­де са­мо пра­ша­ње на вре­ме. От­та­му, учес­тво­то на ло­кал­ни­те из­бо­ри е им­пе­ра­тив за СДСМ, кој мо­же да до­бие и не­кол­ку гра­до­на­чал­ни­ци по­ве­ќе, со што Цр­вен­ков­ски ќе мо­же да се по­фа­ли и да пре­жи­вее на на­ред­ни­от кон­грес. Ус­ло­ви­те, пак, за учес­тво на ло­кал­ни­те из­бо­ри се го­ре-до­лу ос­твар­ли­ви. Из­би­рач­ки­от спи­сок ве­ќе го има па­ра­фот од опо­зи­ци­ја­та во ДИК, а за за­бе­ле­шки­те на ОБСЕ/ОДИХР, вла­ста и опо­зи­ци­ја­та мо­же лес­но да се до­го­во­рат. Од дру­га стра­на, не­у­чес­тво­то на ло­кал­ни­те из­бо­ри мо­же да пот­тик­не но­ви по­ли­тич­ки суб­је­кти да го за­зе­мат про­сто­рот на СДСМ, што е лу­ксуз што нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја не смее да си го доз­во­ли. Мож­но­ста да се на­ста­пи со не­за­вис­ни кан­ди­да­ти, за фор­мал­но да про­дол­жи бој­ко­тот, е, исто та­ка, опас­на за Цр­вен­ков­ски, за­што „не­за­вис­ни­те“ гра­до­на­чал­ни­ци би мо­же­ле, на­ви­сти­на, да ста­нат не­за­вис­ни. Освен ако СДСМ не­ма на­ме­ра, на­ви­сти­на, да оди до крај – со от­це­пу­ва­ње на оп­шти­ни­те што ги вла­дее, гра­до­на­чал­ни­ци­те да оста­нат на власт без из­бо­ри, да се пре­диз­ви­ка во­нред­на со­стој­ба во Ма­ке­до­ни­ја, при што вла­ста ќе мо­ра да ан­га­жи­ра без­бед­нос­ни си­ли за да дој­де до не­ре­ди и пу­ка­ње. Но, ова сце­на­рио е мал­ку ве­ро­јат­но, изјавува за Република, Димитровски.

Професор Жидас Даскаловски смета дека разумот ќе надвладее. Тој вели дека опо­зи­ци­ја­та со ин­си­сти­ра­ње за по­го­ле­ма ме­ѓу­на­род­на вклу­че­ност во зем­ја­ва са­мо го про­дол­жу­ва ве­кот на наб­љу­ду­ва­ње и по­мош, пра­кти­ка, ко­ја, ина­ку, би­ла ти­пич­на за ко­ло­ни­јал­ни­те вре­ми­ња и им­пе­рии – ка­де што до­мо­род­ци­те ни­ко­гаш не беа до­вол­но зре­ли за сопс­тве­но вла­де­е­ње.

-Во Ма­ке­до­ни­ја оп­струк­ци­ја­та е ре­дов­на по­ли­ти­ка би­деј­ќи пар­ла­мен­тот ја за­гу­би сво­ја­та функци­ја да се де­ба­ти­ра кон­стру­ктив­но за да се по­стиг­не со­ра­бо­тка или да се по­стиг­не кон­сен­зус за одре­де­но пра­ша­ње. Глав­ни­те по­ли­тич­ки проб­ле­ми кај нас не се вр­за­ни со соз­да­ва­ње по­ли­ти­ка за ре­ша­ва­ње на гра­ѓан­ски­те проб­ле­ми, ту­ку се све­ду­ва­ат на лич­ни или пар­ти­ски не­при­ја­телс­тва или до­би­ва­ат на­ци­о­нал-ро­ман­тич­ни ка­ра­кте­ри­сти­ки. Бој­ко­тот на пар­ла­мен­тот и про­те­сти­те на СДСМ и на нив­ни­те ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри, кои поч­наа ми­на­та­та го­ди­на, ќе би­дат пре­срет­на­ти со мол­би и со су­ге­стии за нив­но вра­ќа­ње на  ин­сти­ту­ци­о­нал­ни­те па­те­ки. Ту­ка ќе има­ат уло­га и ме­ѓу­на­род­ни­те ор­га­ни­за­ции и го­ле­ми­те си­ли, кои, си­гур­но, не са­ка­ат но­ва прод­ла­бо­че­на кри­за во Ма­ке­до­ни­ја. Ќе има и мол­би и су­ге­стии на­со­че­ни кон вла­ста, но, се­пак, то­ва­рот ќе пад­не на Цр­вен­ков­ски и на не­го­ви­те со­јуз­ни­ци. Ва­кво­то ме­ѓу­на­род­но по­сре­ду­ва­ње е бит­но и за­ра­ди из­ве­шта­јот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја за на­пре­до­кот, кој се оче­ку­ва во март. Ина­ку, ме­ѓу­на­род­но­то по­сре­ду­ва­ње во ед­на уме­ре­на вер­зи­ја во Ма­ке­до­ни­ја по­стои уште од ра­ни­те 90-ти го­ди­ни на ми­на­ти­от век во пол­за на пре­мо­сту­ва­ње на раз­ли­ки­те око­лу мал­цин­ска­та по­ли­ти­ка во од­нос на пар­ти­и­те на ма­ке­дон­ски­те Ал­бан­ци, изјавува Даскаловски.

СДСМ со „Виетнамска војна“

Ќе те­ра ли СДСМ и пси­хо­ло­шка вој­на про­тив ВМРО-ДПМНЕ и во 2013 го­ди­на? Еден од на­ста­ни­те што ја од­бе­ле­жаа ми­на­та­та го­ди­на бе­ше и на­ста­пот на ед­на по­ста­ра гос­по­ѓа, сим­па­ти­зер на СДСМ, ко­ја ма­втај­ќи со стап на про­те­сти­те пред Со­бра­ни­е­то ја фа­ле­ше го­ле­ми­на­та на по­ло­ви­от ор­ган на ли­де­рот на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. Ста­ри­ца­та пред ка­ме­ри­те по­ка­жу­ва­ше фа­лус­ни ди­мен­зии „пла­шеј­ќи“ ги гра­ѓа­ни­те од на­род­ни­от фронт, кои за­ста­наа во од­бра­на на вла­ста. Сѐ ќе бе­ше во ред до­кол­ку ста­ри­ца­та на крај на фал­би­те на по­ло­ви­от ор­ган на Цр­вен­ков­ски, не ка­же­ше „Од искус­тво!“, што во го­ле­ма ме­ра ги ста­ви под знак на пра­ша­ње и се­ксу­ал­ни­те апе­ти­ти на ли­де­рот.

Ова, во свет­ски рам­ки, и не е тол­ку не­поз­нат ме­тод на „пси­хо­ло­шка вој­на“. Го­ле­ми­на­та на ма­шки­от по­лов ор­ган од дам­ни­на би­ла знак на по­чит во при­мор­ди­јал­но­то оп­штес­тво и во пле­мен­ски­те за­ед­ни­ци. Поз­на­ти се ва­кви слу­чаи кај ин­ди­јан­ски­те пле­ми­ња во Аме­ри­ка, а нај­свеж слу­чај е Ви­ет­нам­ска­та вој­на. Во те­кот на вој­на­та, тру­пи­те на САД вр­ше­ле ток­му ва­ква пси­хо­ло­шка вој­на. Зна­еј­ќи ги ан­тро­по­ло­шки­те истра­жу­ва­ња за овој дел на све­тот и зна­че­ње­то на го­ле­ми­на­та на фа­лу­сот ка­ко сим­бол на го­лем во­ин, тие од из­вид­нич­ки­те ави­о­ни исфр­ла­ле ле­то­ци во ви­ет­нам­ски­те пра­шу­ми на­ме­не­ти за ло­кал­но­то на­се­ле­ние и за си­ли­те на Ви­е­тконг. На ле­то­ци­те, на ви­ет­нам­ски пи­шу­ва­ло де­ка Аме­ри­кан­ци­те има­ат по­лов ор­ган по­го­лем од 30 сан­ти­ме­три. Та­ка се оби­ду­ва­ле да ги исп­ла­шат бор­ци­те за сло­бо­да и да им вгра­дат по­чит кон вој­ни­ци­те на САД, кои, се­пак, и по­крај ова, ја за­гу­би­ја вој­на­та во Ви­ет­нам.  По­ло­ви­на век по­доц­на, исто­то се слу­чи на ули­ци­те на Скоп­је, анализира неделникот.

Пронајдете не на следниве мрежи: