13 животни правила на Јапонците што се тешко разбирливи за секој странец

Има многу приказни за особеноста на животот на Јапонците. И ако некогаш ја посетите земјата на изгрејсонцето, бидете подготвени да ги прифатите локалните правила на однесување: не планирајте да посетите некого како гостин, планирајте дека ѓубрето кое ќе го направите надвор ќе си го донесете дома и никогаш не го дувајте вашиот нос на јавно место. И да, бесцелно е да кажете некому дека сте вегетаријанец – ќе ви дадат да јадете месо, како и да е. Преку истражување е направена споредба на животниот стил на Јапонците со претставници од други култури и се чини дека постојат два паралелни универзуми кои што немаат ништо заедничко.
13 животни правила на Јапонците што се тешко разбирливи за секој странец


1. Јапонските жени повеќе не ја бојадисуваат нивната коса
До пред неколку години и Јапонките, како и сите други жени, ја бојадисуваа нивната коса во кафена нијанса или правеа шатирани прамени, а сега во тренд е нивната природно темна боја на коса. Ученичките и студентките мора да имаат природна боја на коса. И, доколку не е темна, тие мора да докажат дека нивната природна боја на коса е таква, на пример, преку фотографии од детството.
2. Јапонците не ги канат нивните пријатели на гости во нивните домови
Дури и поканата на близок пријател во нивниот дом е многу невообичаена во Јапонија затоа што луѓето во оваа земја се многу затворени. Сите средби тие ги планираат на јавно место. Јапонците не се посетуваат меѓусебно без причина – тие мора да имаат добра причина за да го направат тоа.
3. Никој не јаде додека чекори
Јапонците навистина ја ценат храната, дури на некој начин ја обожуваат. И самиот процес на јадење на храната е нешто свето овде. Луѓето од Јапонија нема едноставно да чекорат и да јадат во исто време. Но, дозволено е да се пие покрај кафемат. Јадењето во јавен транспорт исто така, се смета за непристојно, но во ред е да се јаде во возовите што се обраќаат на подалечна дестинација.
4. Непристојно е да се свири со автомобилската сирена додека сте во сообраќајна гужва
Дури и за време на најтешки услови на патиштата, нема да слушнете ниту еден свиреж од автомобил во центарот на Токио. Жителите се многу учтиви и трпеливи и не сакаат да вознемират ниту еден учесник во сообраќајот. Луѓето од другите земји често се ослободуваат од стрес и ја покажуваат нивната фрустрација преку автомобилската сирена.
5. Речиси е невозможно да се биде вегетаријанец во Јапонија
Локалната кујна не ни претпоставува дека некои луѓе едноставно не јадат месо. Сите специјалитети имаат состојки од животинско потекло. Дури и обичните тестенини (нудли) се варат во супа од месо, па затоа дури и ако некој специјалитет ни изгледа вегетаријански и содржи само зеленчук, повообичаено е дека некои животни се повредени за да се подготви јадењето.
6. Растечениот нос може длабоко да навреди некој Јапонец
Ако почнете да го дувате вашиот нос во нечие присуство во Јапонија, или страшно ќе го навредите или ќе се протолкува како обид да покажете дека сте подобри од другите. Ако некој Јапонец има растечен нос, мора да носи заштитна маска. Но, ова е чудно и интересно – сосема е нормално гласно да џвакате додека ги јадете вашите тестенини.
7. Одморањето по работниот ден е нешто несвојствено за нив
Затоа што луѓето се ужасно зафатени во земјата на изгрејсонцето, луѓето во неа немаат време да прават што сакаат, да спортуваат или да патуваат. Ако Јапонецот е совесен работник, тој работи повеќе од 60 часа неделно, па заради тоа речиси и нема слободно време. Во другите земји сосема е нормално вечерите да ги поминувате правејќи го тоа што го сакате.

8. Во Јапонија луѓето забележуваат детали
Поглед под око или мавтање со раката нема да помине незабележано во Јапонија. Ако вашиот глас звучи дури и малку невообичаено, тие веднаш ќе ве прашаат дали сте добро. Тука на луѓето дури не им се потребни ни зборови за да ја разберат информацијата или да го предвидат вашето барање или желба.
13 животни правила на Јапонците што се тешко разбирливи за секој странец
Жена од странство може долго да му објаснува на Јапонец дека го сака, но тој тоа ќе го разбере само тогаш, кога на пример, ќе му направи чај по специјален рецепт или ќе го исече овошјето на специјален начин, само за него. Дури и напуштањето на нејзината земја и сите пријатели и роднини не е доволен доказ.
9. Јапонците не може да си помагаат меѓусебно додека работат
Во Јапонија не смеете да ја завршите работата наместо некој друг. Овде работата ве прави вистински припадник на општеството и ако го соберете ѓубрето што го собира ѓубреџијата или ако му помогнете на поштарот, тоа може да се протолкува, не како помош, туку како обид да се земе нечие работно место.
10. Нема да може да користите канти за ѓубре
Во Токио речиси и нема канти за ѓубре, па луѓето го фрлаат ѓубрето во вреќи кои подоцна се отстрануваат од службите. Ова е поради тоа што во 2000 год. кантите за ѓубре беа често минирани при терористички напади, и како резултат на тоа, многу луѓе загинаа. Многу Јапонци повеќе сакаат да го однесат ѓубрето дома и таму да го фрлат. Тие исто така, пушат само на дозволени места, па така нема ниту проблеми со отпушоци.
11. Вообичаено е жените да се помалку платени работници од мажите
Патријархатот е многу силен во оваа земја. Никој тоа не го промовира јавно, но сите знаат дека жената треба да седи дома и да се грижи за децата. И, ако жените се одлучат да градат кариера, тогаш тие мора да се помират со фактот дека ќе бидат помалку платени од мажите, за истата работа. Ова е причината поради која голем број девојки се одлучуваат да формираат сопствени компании со свои правила.
Но, приказната има и друга страна: по венчавката жената е задолжена за семејството и куќата. Таа контролира сѐ, па дури и износот на пари што сопругот може да го потроши. Овде, Јапонците често им ги даваат сите пари што ќе ги заработат на нивните жени кои не заработуваат.
12. Има традиција на посетување барови со шефот
Посетувањето барови со шефот е традиција во Јапонија. На тој начин тие градат стабилна врска со нивните тимови. Канцелариските работници се во некој вид ропство: ако не отидат во бар се аутсајдери во тимот, што е застрашувачко за нив. Ако некој од колегите не сака да оди, никој не го тера. Но, ако одбијат ќе мора да ги следат сите правила на јапонско однесување за да не го навредат шефот, затоа што тој ги кани сите да се забавуваат и плаќа за тоа.
13. Во Јапонија луѓето не се платени за прекувремена работа
Ако луѓето во одредена компанија често работат прекувремено и остануваат во канцеларијата и по завршувањето на работното време, тоа не им пречи. Платата на административните работници зависи од тоа колку долго работат во компанијата, а не од тоа колку добро работат. Па така, може да добиваат нови задачи секојдневно или една иста задача да ја извршуваат неколку дена, преправајќи се дека напорно работат. Многумина од нив, ја избираат втората можност.
Мислите ли дека би можеле да ги прифатите овие правила и да живеете според нив?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.